HomeМакедонијаПроданоски најави финализирање на активности за уредување на плоштадот „Методија Андонов –...

Проданоски најави финализирање на активности за уредување на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп

- Advertisement -spot_img

Центарот на Прилеп наскоро ќе добие нов изглед, со почетокот на реконструкцијата на последниот неуреден дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

Проектот кој е вреден 16.356.730 денари е обезбеден преку вториот Јавен повик за инвестиции во општините, поддржан од Владата на Република Македонија, соопштија од Општина Прилеп. Со оваа инвестиција се затвора последното отворено прашање во централното градско јадро и се заокружува изгледот на плоштадот, истакнаа од Општината.

Станува збор за јавна површина од 2.100 квадратни метри, простор кој ќе биде претворен во уредено и пријатно место за граѓаните. Во рамки на реконструкцијата ќе бидат поставени повеќе од 20 нови клупи, ново зеленило, корпи за отпадоци и декоративни елементи, а ќе се уредат и постојните парковски делови.

„Прилеп заслужува уреден, чист и достоинствен центар. Овој простор ќе добие нов лик – функционален, зелен и пријатен за сите генерации. Работиме чекор по чекор за да создадеме град по мерка на граѓаните“, порача Дејан Проданоски, градоначалник на Општина Прилеп.

Целта е просторот да стане безбедна и функционална зона за пешачење, одмор и секојдневни средби. Со оваа реконструкција, плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ ќе добие комплетно заокружена урбана целина и поубава слика за сите посетители на Прилеп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img