HomeМакедонијаМарковиќ: Како досега да не знаевме кои медиуми Орбан ги финансирал во...

Марковиќ: Како досега да не знаевме кои медиуми Орбан ги финансирал во Македонија

- Advertisement -spot_img

Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ оценува дека влијанието на Орбан во Европската Унија пред сè произлегувало од неговата способност да го користи правото на вето, но и од неговиот прагматичен пристап кон политиката.

„Се знае од каде произлегуваше силата на Орбан – тоа беше ветото. Тој научи кога и како да го користи, често без да се грижи за последиците. Не секогаш тие одлуки беа и најразумни, но му даваа огромна моќ. И додека ЕУ останува во ваква структура, вакви политичари ќе имаат вакво влијание. Орбан беше прагматичен, односно трансакционен политичар – делуваше кога имаше јасен интерес и сметка од одредена одлука“, рече професорот Ненад Марковиќ.

Во однос на можната политика на Петер Маѓар, Марковиќ смета дека не треба да се очекуваат радикални потези кога станува збор за економските интереси, но остава простор за политички притисоци.

„Не верувам дека Маѓар би ги погазил економските аранжмани и бенефити – тука ќе биде многу прагматичен. Но, сè што може да биде предмет на истрага од страна на унгарското правосудство, може да се користи како политички левериџ – за да се добие нешто или да се отвори скандал таму каде што тоа одговара. Ние овде често претпоставуваме за размерите на наводниот криминал, но без јасни сознанија. Не мислам дека тоа би му било приоритет, но како споредна тема – можно е“, нагласува тој.

Тој додава дека очекувањата во Македонија се често нереални и пренагласени, особено во однос на влијанието на Унгарија.

„Кај нас очекувањата се како во експрес лонец – прегреани. Што инаку ние не знаеме кои портали, телевизии овде Орбан ги спонзорираше, не знаеме кои фирми беа тоа и каде беа регистрирани и што јавуваа и на никого не му пречи. Прецената информација – Дали знаете како Орбан ја контролираше информацијата во Македонија, да знаеме. И што со тоа? Не знаевме до вчера, требаше Орбан да падне да дознаеме. Е сега разликата е што во однос на тоа може да излегуваат валкани детали, ако Маѓар реши да се зафати со тоа. Мислам дека Македонија нема да му е приоритет, но со надеж на отворени врати“, вели Марковиќ.

Сепак, според него, Македонија веројатно нема да биде меѓу приоритетите на новото унгарско раководство, иако, како што посочува, „секогаш постои интерес да се задржат отворени канали на комуникација“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img