HomeМакедонијаСертификат кој бил добиен со фалсификат беше презентиран денеска како доказ во...

Сертификат кој бил добиен со фалсификат беше презентиран денеска како доказ во судскиот процес против Димитровска

- Advertisement -spot_img

Во судската постапка што се води против поранешната претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, на денешното рочиште беше презентиран сертификат за кој Обвинителството тврди дека е стекнат на незаконит начин, односно со фалсификување.

Покрај тоа, беа изведени и дополнителни докази, вклучително и предмети поврзани со можен судир на интереси кои се воделе во рамки на Комисијата во периодот кога Димитровска била на нејзино чело. Во судницата беа приложени и документи за имотната состојба на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е опфатен со обвинението во предметот „Адитив“.

Од Обвинителството најавија дека во продолжението на процесот ќе бидат презентирани и комуникации меѓу Димитровска и Стојановиќ, со кои ќе се обидат да поткрепат сомнежи за оддавање службени информации.

Одбраната, пак, останува на ставот дека не постои кривично дело. Димитровска уште на почетокот на судењето ја отфрли вината, нагласувајќи дека содржината на пораките се однесувала на информации кои биле јавно достапни и разгледувани на седници, па според неа не станува збор за доверлив материјал.

Невини се изјаснија и другите обвинети во случајот, меѓу кои и ревизорот Миле Столевски, кој се товари дека полагал испит за сертификат за „државна тајна“ наместо Димитровска, како и Билјана Мантева од ТЕЦ Неготино.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img