Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина за делото за кое се гони и е во притвор, потврдуваат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Телма.
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Телма потврдија дека поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина за делото за кое се гони и е во притвор во затворот во кумановско Кшање.
Од обвинителството велат дека спогодбата е склучена доцна попладнево и дека Стафа по признавање на вина за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ ќе добие една година и 3 месеци затвор. Спогодбата треба да ги помине и судските инстанци.
Стафа беше уапсен во декември кога од Водно се спуштал кон Скопје откако од сестра на негов клиент зел 20 илјади евра.








