26-годишен кумановец вчера се заканувал на вработени во продажен објект во Куманово и со тврд предмет го оштетил објектот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(26) од Куманово затоа што во продажен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, сопственост на В.М.(40) од Куманово, се заканувал кон вработени и со употреба на тврд предмет го оштетил објектот.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.








