9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМакедонската православна црква отвора храм во Холандија - симбол на заедништво и...

Македонската православна црква отвора храм во Холандија – симбол на заедништво и вера

- Advertisement -spot_img

На 15 октомври 2025 година, Македонската православна црковна општина „Свети Стефан“ во Утрехт, Холандија, официјално се стекна со сопствен црковен објект и придружен простор. Купопродажниот договор беше потпишан со благослов на надлежниот архиереј на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Високопреосвештенство митрополит г. Пимен.

Овој чин претставува значаен духовен и историски момент за македонската заедница во Холандија и пошироко во Европа, со што верниците конечно добиваат свое богослужбено седиште во градот Утрехт.

„Слава на Бога за сите Негови дарови!“, стои во пораката на Македонската православна епархија за Европа, со која се упатуваат честитки до сите верници што придонеле кон оваа голема радост.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img