Со четри спектакуларни борби Мерван Мемеди од Кеикс се закити со златен медал во категоријата кадети -57 кг На Меѓународниот карате турнир „Куп на шампионите“ во Подгорица, Црна Гора. Дарин Куртановиќ мораше да се задоволи со бронзен медал откако после нерешен резултат со домашен натпреварувач судиите се одлучија за победа на црногорскиот каратист.
„Задоволен со учинокот, но секако со многу поголеми можности за подобри резултати што ќе ги покажеме на следните натпревари“, рече младиот тренер на КК Кеикс Мевлуд Мемеди.






