домаМакедонијаСметководителите алармираат: Нови обврски, казни и правилник од 1.200 страници – бараат...

Сметководителите алармираат: Нови обврски, казни и правилник од 1.200 страници – бараат поедноставување на прописите

- Advertisement -spot_img

Сложени прописи, сè повеќе административни обврски и дополнителни казни. Сметководителите бараат итни промени во регулативата и поедноставување на правилата за финансиско известување, особено за микро, малите и средните претпријатија.

Според нив, постојните законски решенија не се приспособени на големината и капацитетите на компаниите, поради што малите бизниси се соочуваат со речиси исти административни барања како и големите корпорации, објави 4news.mk

Посебен проблем, како што посочуваат, претставува новиот правилник за водење сметководство, кој содржи дури 1.200 страници. Сметководителите оценуваат дека обемната регулатива дополнително ја усложнува нивната работа и создава непотребен административен притисок врз помалите компании.

Од фелата реагираат дека постојано им се наметнуваат нови задолженија и санкции, додека нивните забелешки, предлози и професионални права остануваат во втор план.

Тие бараат поголема флексибилност од надлежните институции, како и активно учество на сметководителите и бизнис-заедницата при подготовката и донесувањето на законските решенија.

По повод Меѓународниот ден на сметководството, беше посочена и потребата од зајакнување на статусот на професијата, која се соочува со стареење на кадарот и недостиг од нови професионалци.

Сметководителите предупредуваат дека без соодветни реформи и подобри услови за работа, предизвиците во професијата дополнително ќе се продлабочуваат, иако таа има клучна улога во функционирањето на компаниите и економијата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img