домаМакедонијаУтре ноември ќе личи на пролет: Македонија се загрева до 20 степени!

Утре ноември ќе личи на пролет: Македонија се загрева до 20 степени!

- Advertisement -spot_img

Под влијание на топол воздух од Атлантикот, денот среда (11 ноември) во Македонија ни носи променливо време со понатамошно зголемување на температурите на воздухот, како на утринските така и на дневните температури. Особено во западните предели ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет а ќе дува и слаб до умерен, а во западните предели повремено засилен ветер од југозападен и од западен правец, најави Славчо Попоски.

Во Скопје и околината исто така на ден среда (11 ноември) времето ќе биде топло и променливо и релативно суво. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозапден правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат над просекот за овој период од годината и наутро ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 8 степени, а преку денот таа ќе се искачи до околу 16 степени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img