домаМакедонијаДимушевска: Прашалниците се застарени и исцрпувачки долги – ако процената на ризик...

Димушевска: Прашалниците се застарени и исцрпувачки долги – ако процената на ризик не се направи како што треба, мерките нема да бидат соодветни

- Advertisement -spot_img

Елена Димушевска од, Национална мрежа против насилство врз жените, говорејќи во вечерашната Топ Тема за последниот случај на фемицид во Богданци, каде беше убиена 17-годишна Билјана Кириќ, рече дека ова не е прв случај каде што зборуваме за проценката на ризик, туку прашање кое се отвара со години наназад.

Таа истакна дека прво, прашалниците кои што се користат се многу застарени, второ, се исцрпувачки долги и повторно не се сеопфатни за навистина да ја проценат сериозноста и опасноста по животот на жртвата.

Индивидуалниот пристап е клучен кога се работи за случај на жртва на насилство, не може да ја проценуваме опасноста по шема и по однапред поставени прашања, кои што ќе се штиклираат со „да“ и со „не“ на пр. Дали има оружје или нема оружје? Колку пати претходно ве нападнал или не ве нападнал, тоа се премногу крути прашања за да можеме да процениме колкава е веројатноста тој во иднина повторно да нападне или начинот на кој што ќе нападне, смета Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените.

Многу важен аспект е, рече таа, и тоа кој ја прави процената на ризик, бидејќи зборуваме за психолошки профил на сторителот, состојбата на жртвата во моментот на пријава.

Дали реално инспекторите можат да се обучат до тој степен за да можат да направат вистинска процена на ризик или можеби треба друг профил како психолог, психијатар, психотерапевт да биде ангажиран во полициските станици и заедно со инспекторите го работат овој клучен чекор. Затоа што ако ние не ја направиме процената на ризик како што треба, мерките потоа нема да бидат соодветни и да обезбедат заштита на жртвата која што и е потребна, вели Димушевска.

Според неа токму тоа се случило во овој случај, процената на ризик не е направена соодветно и затоа изјавите се дека Центар за социјални работи постапил, полицијата постапија и на крај имаме фемицид.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img