Бојлер се запалил и предизвикал експлозија во стан на подрачјето на скопската општина Аеродром. Во инцидентот нема повредени лица.
Настанот бил пријавен утрово во 4:50 часот во СВР Скопје. Според пријавата, бојлерот во тоалетот на станот се запалил, по што дошло до експлозија.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје.
Фото – илустрација






