домаМакедонијаПовеќе скопски улици и населени места денеска без струја, прекините ќе траат...

Повеќе скопски улици и населени места денеска без струја, прекините ќе траат до 15 часот

- Advertisement -spot_img

Повеќе делови од Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето со струја. Исклучувањата ќе се одвиваат во различни временски интервали, од утринските до попладневните часови.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Лазар Поп Трајков“ и „16-та Македонска бригада“.

Од 8:55 до 12:55 часот прекин ќе има на дел од улицата „Мршевци“ во истоименото село во општина Илинден, додека од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Христо Татарчев“, крак 24, во Кисела Вода.

Во периодот од 9:15 до 13:15 часот прекин е најавен за жителите на селото Брњарци, како и за објектите на ЗИК Краварство, Давос, АРС Комерц и Еуролес во општина Гази Баба.

Дополнително, од 12 до 15 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улиците „Габреш“, „Лазар Поп Трајков“ и „Ташко Караџа“ во Гази Баба.

Претходно, во текот на утрото, од 4:30 до 5:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија имаше во Маџари, Синѓелиќ, Трубарево, Јурумлери, Арачиново, Стајковци, Камник и Хиподром, како и во објектите во индустриската зона Маџари.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img