домаМакедонијаПретреси во Штип и Скопје поради сомнежи за менување оценки на Универзитетот...

Претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за менување оценки на Универзитетот „Гоце Делчев“

- Advertisement -spot_img

Полициски претреси се спроведуваат на повеќе локации во Штип и Скопје поради сомнежи за злоупотреби на електронската студентска евиденција на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Според првичните неофицијални информации, во фокусот на истрагата е вработен на раководна позиција во ИТ-секторот на Универзитетот. Постојат сомнежи дека подолг период интервенирал во електронскиот систем и за паричен надомест овозможувал внесување бодови од испити, запишување семестри без исполнети услови и бришење оценки.

Наводните интервенции во евиденцијата главно се однесувале на студенти од Турција. При претрес во домот на лицето, според истите неофицијални информации, била пронајдена поголема сума пари.

Во акцијата учествуваат полициски службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и службите за компјутерски криминал.

Полициските активности се во тек. Засега во достапните информации нема официјална потврда за бројот на засегнати студентски досиеја, износот на пронајдените средства или евентуални апсења.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img