домаМакедонијаВратена голема пратка кисело млеко од Македонија

Вратена голема пратка кисело млеко од Македонија

- Advertisement -spot_img

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка со повеќе од два тона кисело млеко од Македонија поради несовпаѓање во придружната документација.

Пратката била запрена на граничниот премин Ѓуешево при контрола од инспектори на Бугарската агенција за безбедност на храната. Станувало збор за вкупно 576 картони, од кои секој содржел по 20 пакувања кисело млеко.

Според информациите на бугарската Агенција, при проверката било утврдено несовпаѓање меѓу податоците наведени во придружниот сертификат и ознаките на самите пакувања. Поради тоа, производите не добиле дозвола за влез во Бугарија и истиот ден биле вратени кај испраќачот.

Од Агенцијата нагласиле дека граничните контроли се спроведуваат континуирано со цел на пазарот да не се пласира храна која не ги исполнува пропишаните барања на Европската Унија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img