домаМакедонијаМицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау

- Advertisement -spot_img

Зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, економската соработка и инвестициите, како и безбедноста и стабилноста на регионот биле дел од темите на разговорот меѓу премиерот Христијан Мицкоски и заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, во Њујорк.

На средбата присуствувале и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа, и Даниел Лотон, заменик-помошник-државен секретар за Европа, во чиј ресор се и балканските земји. Средбата е дел од серијата контакти на Мицкоски со високи американски претставници за време на престојот во САД.

Според објавата на премиерот, на разговорите било разговарано за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, економскиот развој и инвестициите, безбедноста и регионалната стабилност, како и улогата на Македонија како членка на НАТО.

Мицкоски оценил дека директната комуникација на високо политичко ниво е значајна за натамошно продлабочување на односите со САД, кои ги опиша како долгогодишен стратешки партнер и сојузник.

„Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие интереси достоинствено и аргументирано да ги застапува пред своите партнери“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој додаде дека целта е односите да се градат врз основа на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка која, како што наведува, треба да донесе резултати за граѓаните и државата.

Премиерот посочи и дека средбите со американската администрација овозможуваат позициите на Македонија да бидат директно претставени во разговорите за регионални и глобални прашања.

„Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси. Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела“, напиша Мицкоски.

Средбата со Ландау следува по разговорот што Мицкоски го имаше со американскиот државен секретар Марко Рубио во Њујорк.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img