домаМакедонијаДУИ обвинува за ограничување на употребата на албанскиот јазик во Институтот за...

ДУИ обвинува за ограничување на употребата на албанскиот јазик во Институтот за јавно здравје

- Advertisement -spot_img

ДУИ обвини дека во Институтот за јавно здравје се прекршува Законот за употреба на јазиците, откако, според тврдењата на партијата, директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик и повеќе да не се прифаќаат двојазични документи.

Во соопштението на партијата, кое го пренесува МИА, се наведува дека раководителите на секторите добиле инструкции да ги известат вработените дека како валидни ќе се сметаат само документите изготвени на македонски јазик.

Од ДУИ оценуваат дека ваквата постапка претставува прекршување на законските одредби за употреба на јазиците во институциите. Истовремено, критики упатија и до коалицијата ВРЕДИ, обвинувајќи ја дека не реагира доволно за заштита на јазичните права.

Партијата побара од Владата да ги испита наводите и да утврди дали има одговорност за евентуалното непочитување на законот. Од Инспекторатот за употреба на јазиците, пак, бараат веднаш да спроведе надзор и да преземе соодветни мерки доколку бидат утврдени неправилности.

Во реакцијата ДУИ се повикува и на последниот извештај на Советот на Европа, за кој тврди дека укажува на проблеми во примената и почитувањето на јазичните права во Северна Македонија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img