домаХроникаЗаврши обдукцијата на двете жртви од Ѓорче Петров, истрагата проверува дали осомничените...

Заврши обдукцијата на двете жртви од Ѓорче Петров, истрагата проверува дали осомничените имале поделени улоги

- Advertisement -spot_img

Истрагата продолжува со сослушување сведоци и анализа на собраните докази. Истражителите проверуваат дали четворицата осомничени имале поделени улоги при разбојништвата, како се одвивале нападите и кој каква улога имал во настаните.

Се испитуваат и предметите одземени од домовите на жртвите, со цел да се утврдат сите околности поврзани со двата случаја.

Четворицата осомничени беа уапсени на 27 октомври. Тие се сомничат за две кривични дела разбојништво со смртна последица, извршени во скопски Хром на 22 октомври и во Ѓорче Петров на 27 октомври. 

Според информациите, првичниот притвор од 48 часа истекува во петок, а Обвинителството може повторно да побара краткотраен притвор доколку се исполнети законските услови.

Според извори од правосудните органи, четворицата осомничени живееле во Волково.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img