домаМакедонијаАндреевски: Неизбежно е поскапување на парното, цената на природниот гас од почетокот...

Андреевски: Неизбежно е поскапување на парното, цената на природниот гас од почетокот на годината е зголемена за 211 проценти

- Advertisement -spot_img

Деновиве се соочуваме со екстремен скок на цената на природниот гас, од почетокот на годината е повисок за 211 проценти или само од почетокот на октомври до денеска цената на природниот гас е повисока за 36 проценти, истакна Митко Андреевски, енергетски експерт, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Неминовно е дека цената на топлинската енергија во Скопје, од страна на регулаторот, мора да биде покачена. Тоа ќе изврши притисок и врз домаќинствата, но секако врши притисок и врз енергетските политики кои што ќе ги носи владата. Дали треба Скопје да се откажува од парното, бидејќи е зависно од природниот гас? – Не, во овој момент тоа е невозможно, затоа што загадувањето се решава со топлинска енергија на централно греење во градот Скопје. И втора причина е затоа што ние имаме околу 60.000 домаќинства кои што ја користат топлинската енергија. При предуслови дека ќе не може да се испорача топлинска енергија, тие ќе тргнат во загревање на сопствените домови со електрична енергија. Е тогаш станува катастрофата“, смета Андреевски.

Андреевски вели дека Македонија нема недостаток на гас, но прашува зошто по 11 години се проверуваат гасоводите што се изградени.

„Клечовце – Штип, Штип – Неготино, Неготино – Битола е започнат и изграден во 2015-2016 година. Денес сме на крај на 2026 година. Значи, 10 години изграден гасовод, ниту заштитен, ниту проверен“, рече Андреевски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img