Во насока на она што се вели, промена, свежина на нашиот национален А фудбалски состав, секако дека мора да се разгледаат сите опции како нешто не би останало под прашалник што се вели…
Македонија во моментов е дел од Лигата на Нациите Б дивизија, највисоко ниво кое што го има постигнато во оваа конкуренција, и кое што за жал не ни донесе посакувани резултати.
Селекторот Гоце Седлоски за прв пат во својот мандат започна еден циклус и засега има проблем. Затоа што земајќи ги во предвид бараж дуелите за Мундијалот, против Данска и Ирска, односно мечевите од Лигата на Нациите, а конечно и пријателските со Босна и Турција ајде што Македонија нема позитива, туку нема ниту постигнат гол.
За ефикасноста имаме решение во Милан Илоски, Дарко Додев, па и еден Даниел Аврамовски можеби, кои што се во голгетерска форма во моментов. Од друга страна пак дефанзивата исто така може да добие на свежина.
Се говори за подмладување на селекцијата, и тоа е сосема во ред, природен процес и тука сите ќе се согласиме. Но, кога е во прашање квалитетот, и очигледната добра форма во континуитет, и зрелите фудбалски години не смеат да бидат занемарени и незабележани.
Ете, тука станува збор за Алекса Амановиќ. „Вечната“ дилема на нашиот национален тим. Момчето кое што во нашиот фудбал своевремено се појави како младинец на Партизан, а потоа првотимец на Јавор Ивањица. Беше дел од нашите младински селекции, беше дел и од онаа историска наша У21 репрезентација на ЕП во Полска. Беше стартер во У21 квалификациите која селекторот беше Добринко Илиевски. А потоа направи супер трансфер во Казахстан, заигра за Тобол, Астана, а еве сега и Ордабаси но никогаш повеќе и за Македонија. Амановиќ нема сениорски настап за нас.
А во меѓувреме освојува титули во Казахстан. Најпрво со Астана, а еве сега од викендов и со тимот на Ордабаси. Амановиќ не е повеќе дете. Има сега веќе 30 години. Но е левоног стопер, кој што во шампионот на една земја има 28 настапи од можни 29 меча.
Сакам не сакам, или чисти шпекулации?
Алекса Амановиќ не е непознаница на зас. И тоа како нам ни е познат. Тој во одредени казахстански медиуми на прашањето дали би играл за Казахстан одговори негативно, а беше спомната и Македонија. На што Амановиќ според казахстански медиум одговори исто така негативно. „Не нема да играм ниту за Македонија“….
Е сега, конечно, се поставува следното и тоа многу логично прашање. Дали некој некогаш воопшто го побара Алекса Амановиќ? Дали директно стапи во контакт со него и го праша што е причината што тој повеќе не сака да настапува за националниот тим кој што му даде шанса кога тој беше анонимен играч. Што го одведе и на У21 европски шампионат кога тој настапуваше во втора лига на Србија. Ќе треба некој да одговори на ова прашање. Единствен потврден контакт со Алекса Амановиќ на јавноста и го пренесе сега веќе поранешниот македонски селектор Благоја Милевски кој што со дефанзивецот имал блиц средба при престој во Анталија, на базични подготовки, каде што Амановиќ и не така се израдувал на средбата со селекторот.
Се останато е шпекулација. Не се релевантни казахстански медиуми во насока на тоа дали шампионски играч сака или не сака да игра за Македонија. Туку е валиден директен контакт и директен одговор.
Како и во случајот со Милан Илоски впрочем…..изјава за јавност во одреден портал не е валиден одговор.
Ќе повториме уште еднаш по којзнае кој пат. Македонија нема капацитет за да губи квалитетни играчи од било која возраст. Младински, сениорски….па така е и во случајот со Амановиќ.
И нека не сака ако не му е дојдено до дресот на Македонија, (како некогаш)… но тоа да го соошти на оној кој што вреди да му се соопшти… селектор, директор….






