домаМакедонијаСпасеновски: Ако државата не го консултира народот, ако не води сметка за...

Спасеновски: Ако државата не го консултира народот, ако не води сметка за неговите интереси, тогаш народот ќе и се појави на државата

- Advertisement -spot_img

Границата меѓу демократското право на протест и насилството е многу тенка, а секое изразување незадоволство мора да остане во рамките на демократските процедури. Ова го истакна универзитетскиот професор Александар Спасеновски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, анализирајќи ги протестите во Србија, Албанија и други европски земји.

Според Спасеновски, протестите претставуваат легитимен облик на непосредна демократија, преку кој граѓаните можат да го искажат своето незадоволство од институциите и политичките претставници.

Тој објасни дека современата претставничка демократија се темели на изборот на политички партии, кои имаат обврска да ги застапуваат интересите на граѓаните во институциите. Сепак, тоа не го исклучува правото на граѓаните непосредно да учествуваат во демократските процеси.

„Ако државата не го консултира народот, ако не води сметка за неговите интереси, тогаш народот ќе ѝ се појави на државата и ќе ѝ предочи што треба да прави“, посочи Спасеновски.

Професорот нагласи дека непосредната демократија, вклучително и протестите, не е спротивставена на претставничката демократија, туку придонесува за нејзиниот квалитет. Како пример ја посочи Швајцарија, каде што референдумите се важен инструмент за директно учество на граѓаните во донесувањето одлуки.

Сепак, тој предупреди дека незадоволството од власта не смее да биде оправдување за насилство или непочитување на демократските правила.

„Ако активностите се насочени кон рушење на одредена нелегитимна власт, таквата нелегитимност не треба да биде заменета со нова нелегитимност“, истакна Спасеновски.

Тој беше дециден дека демократските промени мора да се спроведуваат со почитување на процедурите, без разлика на интензитетот на политичката криза.

„Насилството во ниту еден случај и на ниту еден начин не смее и не треба да биде одговор на каква било манифестација на револтот“, порача професорот.

Според Спасеновски, токму почитувањето на демократските правила е клучно за граѓанското незадоволство да доведе до легитимни политички промени, наместо до нови поделби и нестабилност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img