Има постојан систем на гасоводи, постои врска Грција – Бугарија, ние со Бугарија имаме приклучок, така да и сега може да се донесе гас од Александропулос, изјави Виктор Андонов, енергетски експерт, во вечерапната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
„Треба да се учествува на аукција, се објавуваат и месечни и квартални и годишни, треба да закупите капацитет во терминалот за гас, треба да закупите капацитет за пренос во Бугарија, капацитет за пренос во Грција… Значи, тоа е еден сет на обврски што треба да ги завршите ако сакате да го донесете гасот. Значи, гасот, тврдам, дека и сега може да се донесе и тој капацитет не е толку голем, тој капацитет е од 120-130 милиони метри кубни кои се доволни за загревање на Скопје“, нагласи Андонов.






