Спасен Силјаноски со емотивна објава на социјалните мрежи ја истакна вредноста и значењето на македонските народни песни и фолклор, реагирајќи на тврдењата дека тие не се доволно убави и дека не привлекуваат публика.

„Некој рече дека ние немаме песни, дека нашите песни не се убави, дека никој не ги слуша, дека на нашите песни не се собира народ. Но, овие сцени зборуваат спротивно. Илјадници луѓе играат и пеат заедно, затоа што македонскиот фолклор е живо наследство кое не обединува,“ порача Силјаноски.
Тој додаде дека токму во тешки историски периоди, кога Македонија била поробена, песните биле чувар на националната свест и идентитет. „Ова се нашите песни од поробена Македонија. Треба сите да ја сфатиме нивната вредност и да почнеме повеќе да се сакаме себеси,“ истакна Силјаноски.
Според него, македонскиот фолклор не е само уметност и забава, туку дел од културното и духовното наследство кое треба да се негува и пренесува на идните генерации.






