Стравот од тужби поради стекнати права за градба станал една од главните пречки за ревизија на проблематичните урбанистички планови во Центар, оцени советничката Билјана Филиповска Тодорчевска во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
„Ние сега имаме еден урбанизам на страв, да не бидеме тужени“, рече таа, објави 4news.mk
Според неа, повикувањето на можни судски постапки постојано се појавува во разговорите за намалување на предвидената густина на градба. Таа посочи дека е потребно преиспитување на плановите за Буњаковец и за делови од Дебар Маало, кои ги оцени како особено оптоварени.
Филиповска Тодорчевска смета дека јасно утврдениот јавен интерес треба да биде основа за барање решение, наместо проблематичните планови да продолжат да се реализираат без корекции.
Таа нагласи дека последиците од прекумерната изградба веќе се чувствуваат преку сообраќајот, густината на објектите и притисокот врз инфраструктурата.






