Полициски службеници од СВР Велес вчера го уапсиле 82-годишниот Т.Ш. од Велес, откако било пријавено дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 72-годишна сопруга.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), напаѓачот при инцидентот користел и дрвен предмет, при што ѝ упатувал и закани на сопругата.
Од МВР информираат дека предметот со кој е извршен нападот е пронајден и одземен. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.






