Според информациите од МВР, помала група припадници на навивачката група „Фемили“ нападнала навивачи на Работнички кои чекале да влезат во салата и да го бодрат својот тим.
Во инцидентот едно лице било повредено, а едно лице било пренесено во болница.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 31 октомври околу 18:55 часот.
Претходно, на социјалните мрежи се појавија видеоснимки од физичката пресметка во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.






