домаМакедонијаПрофесионалните војници и армиските ветерани излегуваат на протест пред владата

Професионалните војници и армиските ветерани излегуваат на протест пред владата

- Advertisement -spot_img

Професионалните војници излегуваат на улица. На 7 ноември ќе протестираат пред Владата, барајќи подобри работнички права, трајно решавање на нивниот статус и достоинствени плати.

Од Независниот синдикат на професионалните војници посочуваат дека оваа категорија вработени е единствената во службата која работи на определено време, а по завршувањето на професионалниот ангажман, како што велат, останува без соодветно работно и социјално решение и на улица. Оттаму децидно ги отфрлаат најавените измени од Министерството за одбрана, оценувајќи ги како обид за манипулација, бидејќи, според нив, не нудат системско решение.

На протестот ќе се приклучат и 613 армиски ветерани, кои ја обвинуваат државата дека ги маргинализирала и ги оставила без соодветна институционална поддршка. Тие тврдат дека ги исполнуваат законските услови, но дека по навршувањето на 45-годишна возраст и завршувањето на службата во Армијата не им биле обезбедени соодветните права.

Министерот Владо Мисајловски, пак, најави предлог-решенија за регулирање на статусот на професионалните војници. Меѓу предложените можности се исплата на отпремнина по завршувањето на службата, продолжување на работниот ангажман во Армијата или преземање работни обврски во друга државна институција.

Сепак, од синдикатот сметаат дека најавените мерки не го решаваат суштински проблемот и бараат трајно, системско решение со кое ќе бидат опфатени сите професионални војници.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img