Врховниот суд го одби како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Стојанче Јовановски, осуден на единствена казна од 12 години затвор за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Со тоа казната останува во сила.
Предметот се однесува на семејното насилство врз неговата сопруга Ивана, по кое на 2 март годинава во скопската населба Тафталиџе животот го загубија таа и нивната шестгодишна ќерка Катја.
Советот на Врховниот суд одлучувал на седница одржана на 21 октомври, постапувајќи по предметот КВП2-101/26. Барањето го поднел Јовановски преку своите бранители, оспорувајќи ги првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје и пресудата на Апелациониот суд Скопје.






