Студентскиот дом„Стив Наумов“ и понатаму предмет на дискусија помеѓу СДСМ и министерката Весна Јаневска. Од СДСМ тврдат дека студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓа еден месец по реконструкцијата.
Од СДСМ велкат дека протекува вода од сите страни, немагреење и дека условите се лоши. Откако од СДСМ ја повикаа Весна Јаневска на одговроност таа им возврати со поканата заедно да го посетат студентскиот дом. Но, пред студентскиот дом дојде само министерката која ги негираше тврдењата дека студентскиот дом се распаѓа.
Со дел од студентите со кои што поразговаравме и кои што живеат во студентскиот дом велат дека тие се задоволни од условите во нивната зграда и дека за проблемите слушаат и гледаат од социјалните мреѓи.
По однос на студентскиот оброк постои предлог од Владата за унапредување на студентскиот оброк, наместо сегашните 3.500 денари, неговата вредност да се зголеми на 4.500 денари преку дигитална апликација М-услуги, но дали тоа ќе биде прифатливо ќе се знае откако студентите преку нивните претставнички тела ќе се произнесат.






