6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПосета на рудникот „Ада Тепе“- Македонија учи од примерот за одржливо рударство

Посета на рудникот „Ада Тепе“- Македонија учи од примерот за одржливо рударство

- Advertisement -spot_img

Македонска стручна делегација предводена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини престојува во работна посета на рудникот за злато „Ада Тепе“ во општина Крумовград, Бугарија, сопственост на канадската компанија „Dundee Precious Metals“.

Посетата има за цел размена на искуства и добри практики во управувањето со природни ресурси и примената на европски еколошки стандарди, со цел нивна примена во Северна Македонија. „Ада Тепе“ се смета за еден од најодржливите рудници во регионот, кој користи најсофистицирани технологии за управување со вода и отпад, минимизирајќи го влијанието врз животната средина, дури и во заштитени подрачја од мрежата NATURA 2000.

„Нашата цел е да учиме од докажани примери како компаниите со одговорно работење можат да донесат придобивки и за локалната заедница и за економијата. Македонија е решена идните стратегии во рударството да ги темели врз европски правила и стандарди“, изјави Филип Петровски, државен советник за рударство во Министерството.

Рудникот почна со работа во 2019 година и се наоѓа само 3 километри од Крумовград. Со активно вклучување на локалното население, јавни расправи и програми за поддршка на бизниси, компанијата успеала да обезбеди доверба и соработка со заедницата.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе се сретне со градоначалничката на Крумовград, Себихан Мехмед, како и со претставници на локални бизниси кои се развиле со поддршка на рудникот.

Паралелно, Македонија подготвува нови закони за рударство и геологија, со кои ќе се засилат еколошките стандарди, казнената политика, транспарентноста и поддршката за локалните заедници, како и ќе се обезбеди поголема економска корист од минералните суровини

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img