домаМакедонијаМиле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на...

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

- Advertisement -spot_img

Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев, одлучи вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги потврди одлуките што претходно денеска ги донесе ИК за со кои се избрани над 30 нови претседатели на општински комитети на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партискиот прес-центар по седницата на ЦК, се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија.

– Миле Лефков е пратеник во македонското Собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, е искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој донесе историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на општинскиот комитет. Човек од збор кој има реализирани голем број на проекти во интерес на граѓаните. Зоранчо Јованчев е пратеник во Собранието и поранешен претседател на ОК Кавадарци. Докажан кадар кој со своето искуство ќе придонесе кон нови победи на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според одлуките на ЦК и ИК на ВМРО-ДПМНЕ, избрани нови претседатели на над 30 општински комитети во четвртата и петтата изборна единица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img