домаМакедонијаСиљановска-Давкова се сретна со Албулена Хаџиу: Претседателката ја реафирмираше поддршката на дијалогот Приштина - Белград, со посредство на...

Сиљановска-Давкова се сретна со Албулена Хаџиу: Претседателката ја реафирмираше поддршката на дијалогот Приштина - Белград, со посредство на Европската Унија

- Advertisement -spot_img

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово.

На средбата, обете изразија подготвеност за унапредување на македонско-косовските односи во интерес на стабилноста и европската иднина на регионот.

Сиљановска-Давкова упати честитки за успешното спроведување на парламентарните избори во Косово.

Таа изрази поддршка на евроатлантските аспирации на Косово и подготвеност за споделување на македонските искуства и експертиза.

Претседателката истакна дека ќе продолжиме да ја поддржуваме политиката на отворени врати на НАТО, како и аспирациите на Косово за членство во регионалните и меѓународните организации и иницијативи.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од успешната примена на „Едношалтерскиот систем“ на граничните премини Блаце и Јажинце.

Според неа, потребно е поголемо искористување на европските фондови за модернизација на граничната инфраструктура и отворање нови гранични премини.

Во однос на безбедносните прашања, Сиљановска-Давкова ја реафирмираше поддршката на дијалогот Приштина - Белград, со посредство на Европската Унија.

Според неа, ваквиот пристап и помирувањето претставуваат единствен одржлив пат кон стабилност, безбедност и соработка во Западен Балкан.

Обете се согласија дека македонско-косовската економска соработка бележи континуиран напредок, а Косово останува еден од нашите најзначајни трговски партнери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img