домаМакедонијаСобранието не ја изгласа интерпелацијата за Трипуновски, “За” гласаа само 21 од...

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за Трипуновски, “За” гласаа само 21 од пратениците

- Advertisement -spot_img

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. За интерпелацијата гласаа 21 пратеник, против беа 62, додека воздржани немаше.

Иницијативата за интерпелација беше поднесена од пратениците на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кои го обвинија министерот за, како што наведоа, слаби резултати во земјоделството, намалени субвенции, неисполнети ветувања, пад на откупните цени, блокирани европски средства и незадоволство кај земјоделците. Од опозицијата побараа политичка одговорност и оставка од Трипуновски.

Владејачкото мнозинство ја оцени интерпелацијата како неоснована и политички мотивирана, тврдејќи дека нејзината цел е да го сврти вниманието од, како што посочија, состојбите наследени од претходната власт во секторот земјоделство.

Во своето обраќање пред пратениците, министерот Трипуновски ги отфрли обвинувањата на опозицијата и нагласи дека Министерството бележи позитивни резултати. Тој посочи дека извозот на земјоделски производи во 2025 година е зголемен за 85 милиони евра во споредба со претходната година и достигнал 417 милиони евра.

Според него, раст е забележан и кај откупот на земјоделските производи, додека сè поголем број земјоделци директно го пласираат својот род на пазарите, во трговските синџири и угостителските објекти.

„Интерпелацијата нема да ме поколеба да продолжам со реформите што ги ветивме. Продолжуваме со модернизација на земјоделството, инвестиции во системите за наводнување и носење законски решенија кои ќе обезбедат долгорочно решавање на проблемите“, изјави Трипуновски.

Тој им порача на земјоделците дека Министерството останува нивен партнер и дека Владата ќе продолжи со мерките за поддршка на секторот.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека интерпелацијата е обид на СДСМ да ги оспори резултатите на актуелниот министер. Пратеничката Емилија Ангелова оцени дека опозицијата нема кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството, потсетувајќи на протестите на земјоделците и проблемите со исплатата на обврските во периодот кога СДСМ беше на власт.

Со гласањето во Собранието, Трипуновски ја задржа довербата на парламентарното мнозинство и останува на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img