12.8 C
Skopje
6 March, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБОЖИНОВСКА ГО ПРЕТСТАВИ ПЛАНОТ 2026: 67 нови енергетски објекти, 4.416 MW моќност...

БОЖИНОВСКА ГО ПРЕТСТАВИ ПЛАНОТ 2026: 67 нови енергетски објекти, 4.416 MW моќност и инвестиции од 5,7 милијарди евра со конкретни предвидени правила, рокови и контролни механизми

- Advertisement -spot_img

Планот за изградба на енергетски објекти за 2026 година предвидува изградба на 67 нови електроенергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 мегавати и проценета вредност од околу 5,7 милијарди евра, со што значително ќе се промени енергетската слика во земјава.


Министерството за енергетика нагласува дека не станува збор за „список на желби“, туку за филтриран процес во кој од 284 поднесени барања биле избрани само проекти што поминале техно-економски анализи, геодетски елаборати и проверки на бонитетот на инвеститорите.


Строги правила и рокови за инвеститорите.
Влезот во Планот не значи автоматска резервација на мрежен капацитет. Инвеститорите имаат обврска во рок од 45 дена да изработат идејни проекти за приклучување, во спротивно нивната иницијатива се брише од Годишниот план.
Дополнително, секој инвеститор мора да обезбеди банкарска гаранција од 25.000 евра по мегават во рок од 15 дена како доказ за сериозност.


Рокот на важност на овластувањето за изградба може да биде најмногу 15 години, а конкретните рокови зависат од технологијата и моќноста на електраната.


Секој проект е координиран со МЕПСО и Електродистрибуција, со пресметки според N-1 критериумот за да се гарантира сигурноста на електроенергетскиот систем и да се спречи неконтролирано приклучување.


Планот предвидува и силен развој на системи за складирање енергија со капацитет од речиси 5.000 MWh и инвестиции од околу 2 милијарди евра, што треба да обезбеди стабилност при користење на обновливи извори како сонцето и ветерот.


Проектите се распределени низ повеќе општини, меѓу кои Македонски Брод, Лозово, Дебрца, Кавадарци, Куманово, Брвеница и Кочани, со цел поттикнување на локалната економија. Државната ЕСМ ќе има клучна улога со сопствени стратешки проекти.


Од Министерството потенцираат дека енергетиката бара долгорочно планирање, со јасни правила, рокови и контрола на реализацијата, бидејќи секој нереализиран проект ја блокира можноста за друг што може да се изгради.


Паралелно веќе е започнат процесот за Планот за 2027 година, со рокови за иницијативи до 1 април за општините и до 1 јуни за инвеститорите, а во наредните месеци ќе се следи реализацијата на тековните проекти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img