HomeМакедонијаБитола добива три нови игралишта со вкупна вредност на инвестицијата од 2.6...

Битола добива три нови игралишта со вкупна вредност на инвестицијата од 2.6 милиони денари

- Advertisement -spot_img

Во битолската месност Областа, на улицата „Нико Фундали“, завршена е изградбата на три нови современи игралишта на вкупна површина од 629,27 квадратни метри.

Новиот спортско-рекреативен комплекс опфаќа детско игралиште, мало кошаркарско и мало фудбалско игралиште. Детското игралиште е опремено со нова урбана опрема и реквизити, при што подлогата е изработена од дробеник (шљунак) за зголемена безбедност. Кошаркарското и фудбалското игралиште се со модуларни подлоги и соодветна опрема, со што се обезбедуваат подобри услови за спорт и рекреација.

Вредноста на договорот за реализација на овој проект изнесува 2.666.219 денари, средства насочени кон подобрување на урбаната инфраструктура и квалитетот на живот на жителите во овој дел од Битола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img