ФОТО: ФФМ
Македонската фудбалска репрезентација со пораз ги затвори настапи во Б-сегментот на Лигата на нации, откако во Скопје беше поразена со 0:3 од Словенија, а тоа значи дека нашата репрезентација во март ја очекува бараж за опстанок во Б-сегментот.
Македонија заврши на последното место во групата без ниту еден освоен бод, со еден постигнат и 15 примени погодоци.
Даниел Штурм во 29. минута погоди за 0:1 на полувреме, во вториот дел Давид Зец постигна гол во 67. минута за двојна предност, а во 90. минута Штурм со втор гол ги постави конечните 0:3.
Македонија имаше свои шанси на мечот, но не успеваше да ги претвори во погодок и со тоа доживеа пораз.
Разочарувањето е големо кај самите фудбалери, кои тоа го споделија по мечот.
Дориев смета дека според него недостасува повеќе одговорност, дополнува дека за репрезентацијата не треба да се игра вака.
Последното место во групата значи дека Македонија во март ќе мора да игра бараж за опстанок во Б-дивизијата на Лигата на нации.
Во нашата група Швајцарија заврши како прва и обезбеди пласман во А-сегментот, а пак Словенија ќе игра бараж за влез во А-сегментот, а Шкотска како трета има директен опстанок во Б-сегментот.
Александар Ванев, М-Нет






