домаМакедонијаСакаш да градиш? Плати 500 евра: Раководител во ДЗС падна во полициска...

Сакаш да градиш? Плати 500 евра: Раководител во ДЗС падна во полициска акција, фатен е со бележани банкноти

- Advertisement -spot_img

Раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување е лишен од слобода под сомнение дека примил поткуп од 500 евра за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект.

Според информациите до кои дојдовме, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност спровеле акција во која раководното лице било затекнато при примање 500 евра во претходно криминалистички обработени банкноти.

Парите, според првичните сознанија, биле побарани како противуслуга за издавање позитивно мислење во постапка поврзана со изградба на објект.

Но, сомнежите не завршуваат со овие 500 евра.

Според неофицијалните информации, се испитува дали станува збор за поширока практика во која раководното лице барало и примало пари за издавање позитивни мислења и одобренија поврзани со изградба на станбени и деловни објекти.

Ова отвора прашање дали конкретниот случај е изолиран или станува збор за повторувано коруптивно постапување при издавањето документација неопходна за градежни проекти.

Засега нема официјална потврда за идентитетот на приведениот, ниту информации дали истрагата опфаќа и други лица.

Се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за полициската акција и понатамошната постапка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img