домаСветВИДЕО | ДВА ВОЗА СЕ СУДРИЈА ВО ПРАГА, најмалку 15 луѓе се...

ВИДЕО | ДВА ВОЗА СЕ СУДРИЈА ВО ПРАГА, најмалку 15 луѓе се тешко повредени

- Advertisement -spot_img

Два патнички воза се судрија утрово во близина на Централната станица во Прага, при што се повредени најмалку 15 лица. Неколкумина се во сериозна состојба, а поради несреќата имаше прекин во железничкиот сообраќај, објави Индепендент.

Несреќата се случила околу 7:00 часот утрово на железничкиот мост над улицата Сејфертова во населбата Прага 3. Според информациите од службите за итни случаи, возовите се движеле со мала бразина во моментот на судирот.

Повеќето од повредите се од полесна природа, но портпаролот на Прашката служба за итни случаи, Карел Кирс, потврди дека неколку лица се здобиле со сериозни, опасни по живот повреди. Повредените се пренесени во болниците во Прага.

Десет екипи на брза помош, четири медицински екипи и специјално возило за евакуација биле испратени на местото на несреќата. Пожарникарите прогласија второ ниво на подготвеност, а нивен приоритет беше да ги прегледаат сите патници и да ги класифицираат повредените според сериозноста на повредите.

Портпаролот на противпожарната бригада во Прага, Мирослав Резач, изјави дека судирот бил „недеструктивен“, и покрај големиот број повредени. Полицијата и истражителите на терен ја утврдуваат точната причина за несреќата.

Нарушувања во железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај помеѓу Централната станица и станиците Прага-Височани и Прага-Либењ е целосно прекинат. Нарушувања се регистрирани и на линијата кон станицата Прага-Холешовице, објавија Чешките железници (ЧД).

Дел од возовите започнуваат или завршуваат на станиците Либењ и Височани, додека некои меѓуградски возови се пренасочуваат кон други станици во Прага. Од Железници проценуваат дека прекинот може да трае до 11 часа..

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img