домаМакедонијаДенот на албанската азбука се одбележа и во Владата, Ферати: Jазикот е...

Денот на албанската азбука се одбележа и во Владата, Ферати: Jазикот е вредност што нè обединува

- Advertisement -spot_img

Во Владата на Македонија беше организирана свечена церемонија по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука. Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна дека овој датум симболизира еден од најзначајните моменти во албанската историја, култура и национален идентитет.

Ферати, меѓу другото, нагласи дека албанската азбука и јазик се вредности што ги обединуваат Албанците и кои треба да се зачуваат и да им се пренесат на идните генерации.

„Денеска, во Владата на Република Северна Македонија, беше организирана свечена церемонија по повод Денот на албанската азбука, датум што симболизира еден од најзначајните моменти во албанската историја, култура и национален идентитет.

Како министер за односи меѓу заедниците, имав пригодно обраќање на оваа церемонија и, заедно со колегите министри, ја одбележавме важноста на албанскиот јазик и нашата азбука како вредности што нè обединуваат и што треба да ги зачуваме и да им ги пренесеме на идните генерации“, изјави Ферати.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img