Нови можности за вработување во Скопје – Електродистрибуција бара електромонтери кои ќе бидат ангажирани на работни задачи поврзани со дејноста на компанијата.
Работната позиција опфаќа активности поврзани со функционирањето на дистрибутивната мрежа, меѓу кои отчитување и замена на броила, контрола на приклучоци и мерни места, исклучување и повторно вклучување корисници, како и помош при отстранување дефекти.
Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено IV степен електротехничко образование – енергетика. Дополнителни квалификации за работа под напон, стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки, како и компјутерски познавања ќе се сметаат за предност.
Рок за аплицирање: 23.11.2026
Погледнете ги деталите и аплицирајте преку официјалната платформа за кариера на следниот линк:
https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/8745888-






