Денес од вечерните часови, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, особено во западните делови. Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Прогноза за 24.11.2026
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 14°C
Сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 25.11.2026
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Сончево и постудено со мала до умерена облачност. Во утринските часови со услови за појава на магла. Кон крајот на денот, во западните делови, ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Прогноза за 26.11.2026
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места и од снег, пообилни во западните делови. Ќе умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.






