домаМакедонијаНад 1.700 бомби и мини од Првата светска војна отстранети кај Тумбе...

Над 1.700 бомби и мини од Првата светска војна отстранети кај Тумбе Кафе

- Advertisement -spot_img

Повеќе од 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна се откопани и отстранети кај Тумбе Кафе во Битола, во близина на станбени куќи. Ископувањата продолжуваат, а се очекува да бидат пронајдени дополнителни количества неексплодирани убојни средства, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Акцијата ја води пиротехничар од ДЗС, со помош на пензионирани припадници на специјалната единица „Тигри“ и на полицискиот Отсек за антитероризам.

Ангелов предупреди и на недостигот од стручен кадар. Во Дирекцијата работат само неколку пиротехничари, а во тек е постапка за вработување уште еден. Обуката на нови кадри трае неколку години.

Покрај оваа локација, ДЗС планира расчистување и на други критични места во битолскиот регион, за кои има информации дека содржат стотици, а некаде и илјадници неексплодирани убојни средства.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img