домаМакедонијаСедницата на собраниската Комисија за финансирање продолжува во понеделник во 12 часот

Седницата на собраниската Комисија за финансирање продолжува во понеделник во 12 часот

- Advertisement -spot_img

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година во понеделник, 24 ноември, во 12 часот.

На четвртиот ден од расправата денеска беа разгледани амандмани поднесени од пратениците на Европскиот фронт, кои се однесуваа на изградба на водоводни и канализациски мрежи и реконструкција на локални и регионални патишта и ниту еден од амандманите не беше усвоен.

Во изминатите четири дена на амандманската расправа, фокусот беше ставен на барања за обезбедување средства за решавање инфраструктурни и комунални проблеми во општините. Сепак, ниту еден од предложените амандмани не доби поддршка и не беше усвоен.

Предлог-буџетот за 2026 година е најавено дека ќе се најде на пленарна седница на 9 декември.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img