домаМакедонијаД-р Трајановски: По труењата, на ред се хепатитите ако кризата со водата...

Д-р Трајановски: По труењата, на ред се хепатитите ако кризата со водата во Гостивар продолжи

- Advertisement -spot_img

Недостигот од безбедна вода за пиење во Гостивар веќе четврта недела претставува сериозна закана за јавното здравје, предупредува доктор Александар Трајановски. Тој посочува дека покрај веќе регистрираните случаи со повраќање, дијареја и покачена телесна температура, продолжувањето на ваквата состојба може да доведе и до појава на вирусни хепатити поради неможноста граѓаните да одржуваат соодветна лична хигиена.

Според Трајановски, кој е и потпретседател на опозициската СДСМ кризата што трае од крајот на јуни ја покажала неподготвеноста и недоволната координација на институциите. Тој смета дека прогласувањето епидемија требало да се случи порано, со цел навремено да се зајакнат капацитетите и да се направи проценка на состојбата на терен.

Трајановски ја повика Владата транспарентно да ги информира граѓаните за резултатите од испитувањата на водата и причините за загадувањето, оценувајќи дека јавноста не смее да чека до 20 август за одговори. Според него, наместо политички препукувања, потребни се брзи и конкретни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img