Град Скопје најави дека во вторник, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Акцијата е дел од редовните мерки за намалување на бројот на комарци и спречување на нивното размножување.
Доколку временските услови не дозволат безбедно спроведување на прскањето, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни услови, во истиот временски термин.
Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на авионската дезинсекција.






