домаМакедонијаГостиварци да се ослободат од плаќање на сметките за вода, бара правобранителот,...

Гостиварци да се ослободат од плаќање на сметките за вода, бара правобранителот, општината и владата немаат решение

- Advertisement -spot_img

Да се ослободат граѓаните на Гостивар, од плаќање на сметките за вода побарал народниот правобранител. Причина за ова е тоа што граѓаните не можат да ја користат водата која беше загадена со фекалии а која е забранета за користење. Препорака ќе испрати до совет на Општина Гостивар и други околни општини кои користат услуги на Гостиварски Комуналец да не се плаќа надоместокот за вода во периодот во кој трае забраната за нејзино користење.

„Очекуваме да добиеме позитивен одговор во однос на оваа наша препорака. Знаете дека имавме сличен случај во Струга кога Советот на општината донесе одлука стружани да бидат ослободени од плаќање на сметките за вода во периодот кога водата беше загадена“ рече Фатон Сељами, Народен правобранител

Од општина Гостивар велат дека размислуваат на оваа тема но дека за сега нема одлука која ќе ја стават на дневен ред на Совето, а ниту пак знаат кога тој ќе заседава. Нема одговор ниту од Владата дали ќе им помогне на било каков начин на гостиварци освен со вода за пиење. Инаку вчера телма објави дека омбутсманот отворил предмет за загадувањето на водата и побарал информации од Општината и Комуналец Гостивар, од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно здравје тетово. Дури вчера ги добил првичните но нецелосни информации од сите институции освен од комуналец кој воопшто не одговорил. Сега правобранителот најавува дека ќе спроведе контрола на терен. Ќе се проверува во каква состојбва се изворите и капацитетите на јавните претпријатија кои стопанисуваат со водата за пиење.

„Серизоно прашање кое треба внимателно да се разгледува. Ние како институција планираме да извршиме истражување колку се безбедни изворите за вода, каптажите на питка вода“, вели Фатон Сељами, Народен правобранител

Случајот со загадената вода во Гостивар беше откриен на почетокот на Јули и сега го истражува и обвинителството. Во притвор како осомничени дека сториле тешки дела против животната средина и природата се директорката на „Комуналец“ и двајца раководители. Ги товари дека дале налог да се постават три пумпи во надворешен канал со кои се внесувала загадена вода во системот. Од тоа заболеа околу 5 илјади граѓани, и беше прогласена епидемија. По написите на Телма отворена е истрага и за водоводниот систем кој не е довршен, а се потрошени 7,2 милиони евра.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img