домаМакедонијаПотпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена...

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

- Advertisement -spot_img

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот
на Крушевската Република.

По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од македонската историја.

Свежо цвеќе беше положено на гробот на Питу Гули, пред споменикот на Партизанските гробишта, на гробот на Тоше Проески, пред Криптата на илинденските востаници и пред бистата на Веле Марков.

Во собраниската делегација учествуваа и координаторот на Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Мицевски, пратеникот Петар Ристески и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Со учеството во одбележувањето, делегацијата на Собранието им оддаде почит на Илинденците и на сите борци кои се вградиле во темелите на македонската државност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img