1.8 C
Skopje
18 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeХроникаВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Кривични пријави за учесниците во крвничкото тепање меѓу ученците во...

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Кривични пријави за учесниците во крвничкото тепање меѓу ученците во Сарај

- Advertisement -spot_img

Министерството за внатрешни работи реагираше брзо и поднесе кривична пријава за насилство по крвничката физичка пресметка пред основното училиште „Дитурија“ во скопски Сарај.

Како што беше известено претходно, во петокот околу 12 часот пред споменатото училиште „Дитурија“ шест ученици физички нападнале двајца соученици од 9-то одделение, а снимките коишто ги објавија други ученици од Сарај набрзо станаа вирални.

Кај едно од лицата од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди, додека кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди.

Како што денеска објави Министерството за внатрешни работи веднаш биле преземени мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Идентификувани се учениците кои го извршиле нападот, а тие се на возраст од 13 до 15 години. Во текот на денешниот ден сите шест лица се повикани во Полициска станица.

Со родителите на нападнатите малолетници бил извршен службен разговор, а исто така денеска е извршен разговор и со оштетените малолетници.

За настанот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство”.

The post ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Кривични пријави за учесниците во крвничкото тепање меѓу ученците во Сарај appeared first on NetPress.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img