домаМакедонијаВо банка граѓаните чуваат повеќе пари од годишниот македонски буџет

Во банка граѓаните чуваат повеќе пари од годишниот македонски буџет

- Advertisement -spot_img

Граѓаните во земјава чуваат 7,4 милијарди евра, односно 454 милијарди денари во банките, а штедењето бележи раст и покрај економските предизвици и инфлацијата.

Според податоците на Македонската банкарска асоцијација и на Народната банка, депозитите на граѓаните на годишно ниво се зголемени за 9,2 отсто, додека орочените депозити бележат раст од 5,7 отсто.

Tокму парите на граѓаните се столб на македонските банки, бидејќи учествуваат со најголем дел од вкупните депозити во државата. Истовремено, статистиката покажува дека и во услови на инфлација дел од граѓаните успеваат да одвојат средства и на подолг рок.

Голем дел од средствата не се орочени, туку се наоѓаат на трансакциски сметки, што упатува дека тие се користат за тековни трошоци, сметки и секојдневно преживување, а воедно ја отсликуваат и реалната куповна моќ на населението.

Денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img