Интересно, во Македонија има еден безобразен тренд некои да им се потсмеваат на студентите од Србија, со кои таа ноќ славевме и скокаквме и тука, да, точно, не сите, но во ред.
Автор Биљана Секуловска
Да ги видиме оние со презир што гледаат на победата на младите, потсмешливо ги анализираат нивните листи, на кои тука големите умови им замеруваат дека ги предводеле сите, само не младите студенти. Треба ли да се објаснува како изгледа политички рулет ако не се знае што подразбира водење држава, а што коцкање со празни раце во џебот. Конечно, студентите ја извојуваа победата, сега сите останати треба да ги засукаат ракавите и да ја одржат таа иста слобода.
И зошто воопшто би се објаснувало нешто тука? Тоа би значело дека би се губел дури и момент на трепнување, на расчленувања на базични логични потези, зошто би се зафатиле со расфрлања со политички мудрости, во земја во која не вреди ништо од тоа.
Не губете си го златното време, што би рекол Оскар Вајлд, кога се расфрлате со време кое му го подарувате на некој што однапред ви гарантира дека ве влече со него во дупката во која само Македонија остана. Полека сите се извлекуваат, иако за Босна никој сериозен не би се кладел дека ќе исплива, но тоа е друштвото, тоа се порамнетите сметки.
Штета што радосните и убавите вести за Македонија за највисок економски раст во Европа, и пазете богати, и најмала инфлација, изгледаат како невкусни и веќе не така смешни вицеви. Најевтина храна во Европа има во Македонија, татнат некои медиуми, како ова да е изгубен остров населен со помалку интелектуално моќни, да не речам благо заостанати во развој. Зарем никој тука ништо не сфаќа и не разбира, колку и да ги стеснува очите и да ги стиска слепоочниците, фокусирајќи се и концентрирајќи се на реченици со глагол и именка, за почеток, колку да се подразбере нешто.
Не велам дека не може да се потценува народ, секако дека може, како не може, па тоа со векови некои недемократско земји го прават, и тоа одлично им успева. Но, тука е сосема друга приказна, не многу весела, не со најсреќниот крај за оние кои сакаат сите да ги убедат дека се комплетни идиоти, освен што некои од нив и се прилично корисни.
Да, добрата вест е дека владеењето на Мицкоски може да потрае, не баш како што би рекол поп Агатангел, колку Тито, не нѐ засмејувајте, сепак сите сме тука сериозни луѓе:
„Тошковски – прекрасен човек. Муцунски – прекрасен човек. За Мицкоски и да не зборуваме… комплетната влада е прекрасна, човече, се грижат!“- крикна попот, одушевено, заборавајќи ако веќе служи некому, тоа е сепак народот.
Конечно, за тоа кој колку трае, граѓаните се погрижуваат драг попе, импровизатору опасен. Не е сѐ во рацете на твојот шеф горе, конечно, ако беше тоа случај, можеби ќе ти се оствареа епопејите, поточно скечевите.
Да, добрата вест веќе ја расчленивме. А, лошата? Што откако ќе заврши тоа владеење на ВМРО-ДПМНЕ со највисокиот економски раст и благосостојбата, која е невидлива, но заведува само нејзиното име кое ќе се чуе. Не се шалете со луѓето, некои работи во политиката не се убави за слушање, колку и да се гледаат со раскокорени очи.






