домаМакедонијаШасивари најави измени во нотаријатот и дигитализација на постапките

Шасивари најави измени во нотаријатот и дигитализација на постапките

- Advertisement -spot_img

Министерот за правда Јетон Шасивари најави унапредување на законската регулатива во областа на нотаријатот, усогласување со современите стандарди и дигитализација на постапките и услугите. Ова го истакна на отворањето на манифестацијата „Нотарски денови 2026“, организирана од Нотарската комора, на тема „Расправање оставина: помеѓу законската рамка и нотарската практика“.

Во своето обраќање, Шасивари го истакна значењето на нотаријатот како еден од столбовите на правниот систем и гарант на правната сигурност на граѓаните. Посочи дека работата на нотарите има директно влијание врз заштитата на сопственичките права, семејните односи и сигурноста на правните трансакции.

Тој нагласи дека довербата на граѓаните е најголемиот капитал на институциите, а нотарската професија, покрај правна стручност, бара интегритет, независност, професионална етика и високо ниво на одговорност.

Според Шасивари, дигитализацијата треба да овозможи побрзи постапки, помалку административни пречки, пониски трошоци, поголема транспарентност и полесен пристап на граѓаните до правните услуги.

Во тој процес, како што посочи, Нотарската комора ќе биде важен и рамноправен партнер на Министерството за правда, бидејќи одржливите реформи не се спроведуваат само преку законски измени, туку и преку тесна соработка со професионалците кои секојдневно ги применуваат законите.

Министерот изрази надеж дека „Нотарски денови 2026“ ќе овозможат суштински дискусии, размена на искуства и конкретни предлози за понатамошен развој на нотаријатот.

„Правната сигурност ја гради довербата, професионалноста ја штити, а одговорноста ја прави правдата опиплива за секој граѓанин“, истакна Шасивари.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img